ВМРО-ДПМНЕ за извинувањето на Заев до новинарите: Неговите зборови не се искрени, ова е лицемерен став

156

Зборовите на Заев не се искрени, туку напротив, ова е лицемерен став. Тој изминатите години остави печат на сите тужби и обвиненија врз новинари, вршеше прогон и етикетирање на медиуми и поминуваше несанкционирано физичко насилство врз новинари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста се уште памети како јавно прогласи медиуми за политички непријатели, како новинари беа вербално напаѓани на прес конференции од страна на негови поддржувачи, како нарекуваше со погрдни зборови новинари и ред други притисоци кои ги вршеше врз медиумите и новинарите.

И од Зоран Заев да е, премногу е. Ваквите испади кои не се ретки и кои во континуитет се провлекуваат низ годините, го покажуваат неговиот личен, но и политички карактер и мора да бидат осудени принципиелно од сите чинители“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.