Во новата Влада ќе ги намалиме министрите и ќе укинеме патните трошоци на пратениците, велат од СДСМ

амалување на бројот на министрите, укинување на патните трошоци на пратениците во Собранието и реформирање на администрацијата, најавува СДСМ.

Тие велат дека започнати се сериозни и темелни преговори за стабилно парламентарно мнозинство и формирање на Владата.

„Реформата во администрацијата ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Предвиден е помал број министри и рационализација на јавните служби, кои истовремено ќе обезбедуваат поголем број и побрзи услуги за граѓаните. Администрацијата мора да им служи, а не да им биде товар на граѓаните и затоа во администрација ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните. Дел од реформата на администрацијата е укинувањето на патните трошоци за пратениците во Собранието, бидејќи покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници“, велат од СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.