По грешка сам се застрелал

320

Вчеравечер маж на 61-годишна возраст од село Могила му се јавил на негов пријател од истото село и побарал од него бидејќи се повредил да дојде во неговиот дом и да го однесе на лекар во Битола. Откако го однел, лекарите увиделе дека 61-годишниот маж имал прострелна рана.

„Во Клиничката болница Битола на лицето С.Н од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди- прострелна рана. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола“, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, но нема информација како пациентот се здобил со прострелната рана

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.