Опозицијата јави за најмалку една жртва на протестите по изборите во Белорусија

Најмалку едно лице загина откако го удрило полициско возило, а десетици се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Белорусија, соопшти во понеделникот претставникот на групата за човекови права „Пролет 96“, Валентин Штефанович и додаде дека се уапсени најмалку 120 лица.

Откако беа објавени резултатите од претседателските избори на кои Александр Лукашенко го доби шестиот мандат со околу 80 отсто од гласовите, илјадници белоруски граѓани излегоа на улиците низ целата земја.

Покрај во главниот град Минкс, каде што имаше неколку судири со полицијат, изминатата ноќ се протестираше во градовите Витебск, Брест, Гродно, Могилево. На протестите дошло до судири со полицијата, која користела шок-бомби, солзавец и водени топови против демонстрантите.