Австралиец отпуштен поради мем-от со Хитлер доби 200.000 долари отштета

Вреботен во рафинерија на „British Petroleum“, кој бил отпуштен поради шега на сметка на компанијата користејќи го познатото мемот со германскиот нацистички водач Адолф Хитлер, по судски пат на крајот изнуди паричен надомест во износ од 200.000 американски долари.

Австралиецот Скот Трејси сцената од филмот „Хитлер, последните денови“ (Downfall) од 2004 година го искористил за да прикаже на кој начин BP преговара за платите на своите вработени. Видеото потоа го објавил во приватна група на Facebook, а набрзо потоа добил отказ, пишува BBC.

По двегодишната правна битка го добил спорот, а судот утврдил дека е неправедно отпуштен и е вратен на работното место. Надоместот кој му е доделен ја покрива заработката која во меѓувреме не ја примил.

Мемот со Хитлер ја користи една од најдраматичните сцени во филмот, во која нацистичкиот водач во својот берлински бункер се соочува со своите генерали, а на којашто постојат безброј пародии со изменети титли.

Од „British Petroleum“ објавија дека потегот на Трејси бил „исклучително навредлив и неумесен“, поради што и добил отка.

Во првостепената пресуда Трејси го загубил спорот, но во жалбената постапка инсистирал на тоа дека намерата не му била да навреди некого, и оти видеото го замислил како нешто духовито. Додал дека во мемот ниту ја споменал компанијата во којашто работи, ниту некој поединец. Судот на крајот утврдил дека целта на пародијата не била да ја прикаже управата на BP како нацисти.

Бред Ганди, секретарота на Австралискиот синдикат на работниците, смета дека Трејси мина низ потполно „непотребна драма“.

„Да се влече чесен работнби цели две години низ сиот тој стрес и несигурност, само затоа што неколку костумосани шефови не ја сфатиле шегата, претставува лошо корпоративно однесување“, изјавил Ганди за весникот The Sydney Morning Herald.

 

https://www.youtube.com/watch?v=qM5f_gZT06c&feature=emb_err_woyt