Министеркатата за финансии Нина Ангеловска ги повлекла парите два месеца пред пропаста на Еуростандард

277

Имала ли министерката за финансии интерни информации дека Еуростандард ќе пропадне за да си ги извади парите навреме? Нина Ангеловска ги повлекла парите од Еуростандард во јануари и јуни годинава, односно последната промена е направена само два месеци пред Народната банка да и ја одземе дозволата за работа на банката. Кога стапила на функцијата имала девизен влог од 51.232 евра и депозит во вредност над 12 милиони денари. Кога станала министерката во техничката влада, на 21-ви јануари пријавила дека повлекла 8 милиони денари кои ги вложила во инвестициски фонд. Последната промена е направена на 24-ти јуни. Таа во меѓувреме купила и стан од над 70 квадрати.

Антикорупциската омисија ќе отвори предмет за министерката Ангеловска. Истрагата треба да покаже дали Ангеловска располагала со претходни информации кои влијаеле на тоа таа да ги повлече нејзините пари од банката навреме. Имено, таа во март и почетокот на мај, била на состаноци на Комитетот за финансиска стабилност со кој претседава гувернерката на Народната Банка. Антокорупциска тврди дека подолг период траеле обидите за санација на банката, па треба да се истражи дали Ангеловска ималацелосен увид во финансиската состојба на Еуростандард.

Информациите дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка, по добиена информација дека банката ќе ја изгуби лиценцата, ги демантираа од кабинетот на министерката и ги оквалификуваа како лажни вести. Потенцираа дека промените биле направени пред подолг период. Сепак, бројките покажуваат дека последен пат, Ангеловска повлекла пари неполни два месеци пред Еуростандард да и ја одземе дозволата за работа.

ИЗВОР: ТВ АЛФА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.