Џо Бајден и официјално е претседателски кандидат на демократите

На последниот ден од четиридневната конвенција на Демократската партија Џо Бајден и официјално ја прифати претседателската номинација на демократите.

Во говорот во Делавер, Бајден кажа дека обединети може да го надминат овој мрачен период во Америка за време на мандатот на Доналд Трамп.

Според него, во политиките на Трамп имало премногу гнев, страви поделба.

„Ви давам збор- ако ми го доверите лидеерството ќе ве водам до најдоброто, а не до најлошото во нас. Ќе бидам сојузник на светлината, а не на темнината. Време е да се обединиме“, порача Бајден, истакнувајќи дека ако Трамп биде реизбран, ќе биде истото она што се случува изминатите четири години“, прашувајќи ги Американците дали го сакаат тоа за своите деца.

Според Бајден, Трамп го запалил пламенот на омразата и поделбата.

„Дали ова се САД што ги сакате вие, за вашето семејство, за вашите деца? Заедно можеме да ја обновиме Америка“, додаде тој.

Бајден подоцна, во еден дел од својот говор за прифаќање на кандидатурата, му се заблагодари на поранешниот претседател Барак Обама со кого помина два термина во Белата куќа.

Тој рече дека децата можат да му се восхитуваат, додавајќи дека не можеле да го сторат тоа со Трамп.

„Вие сте претседател на кој нашите деца можеа и му се восхитуваа. Никој нема да го каже тоа за сегашниот окупатор на Белата куќа“, рече тој.

На говорот на Бајден му претходеше видео за неговиот живот и кариера, истакнувајќи ја неговата улога како татко, сопруг и политички лидер.

Вчера, кандидатурата за иден потпретседат ја прифати Камала Харис.