11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов организираше фингирана јавна расправа за Универзална сала

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје смета дека Шилегов организираше фингирана јавна расправа за Универзална сала, ќе го уништува градскиот парк за да градел нова.

„Петре Шилегов денес организираше фингирана јавна расправа поврзана со Универзална сала. Поголемиот дел од учесниците беа луѓе блиски до власта или луѓе кои имаат придобивки од самата власт. Дотолку повеќе што на изрежираната јавна дебата беше практично монолог без спротивставени и различни мислења.

Неговиот став е променлив, од ставот „Универзална сала не ја даваме”, до тоа неговата идеја е да е нова сала во Градскиот парк. Практично идејата на градскиот татко Шилегов е да гради концертна сала во срцето на градскиот парк со што дополнително ќе се уништи и зафати тој простор. И кога има вакви фикс идеи помалку штета за Шилегов е да не кажува ништо за градските работи“, истакнуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Прашањето е на што да му се верува на Шилегов, велат од ова советничка група, кога вели дека нема пари за реставрација на Универзалната сала или кога денес соопшти дека ќе има нова концертна сала. Според која, добро е што Шилегов има идеи, лошото е што никој не консултира за тие идеи и што ќе се уништува градскиот парк.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје бара Шилегов да изгради дефинитивен став за иднината на Универзална сала, да се спречи уништување на градскиот парк и да организира вистинска јавна дебата на која фелата и скопјани ќе може да се изјаснат“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.