11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Израелска фрима создаде тест што за 30 секунди покажува дали имате коронавирус

Израелската компанија „Наносент“ (Nanoscent) развила тест за корона вирус кој трае само 30 секунди, објавија државните власти на својот официјален профил на Твитер.

„Трае 30 секунди или помалку: како пишување на твит, плаќање на сметка со кредитни картички и сега, благодарение на израелската компанија ‘Наносент’, тестирање за коронавирус“, стои во објавата.

Како што е објаснето во приложеното видео, лицето кое се тестирано прво дува воздух од носот во пластична кеса низ цевка. Потоа, ја поврзува кесата исполнета со воздух од носот со специјалниот уред развиен од компанијата.

Уредот потоа го извлекува воздухот од кесата и го анализира за присуство на корона вирус во неа. Уредот е безжично поврзан со паметен телефон, кој го прикажува резултатот од тестот за неколку секунди.

Исто како што имате препознавање на слика, така сега имаме препознавање на мирис. Тестот го открива мирисот што е реакција на човечкото тело на Ковид-19 – објаснува директорот на „Наносент“, Орен Гаврили.

Во првичните тестови спроведени во Израел, оваа технологија покажала точност од 80 до 85%.