Продолжуваат протестите против поскапувањето на струјата

Продолжуваат протестите против поскапувањето на струјата. Во Гостивар, по петти пат по ред, имаше мирен протест против поскапувањето на струјата.

Учесниците на протестот во Гостивар, како и во другите градови во земјата, бараат институциите да ја повлечат одлуката за поскапување на струјата. Додека не го постигнат ова, предупредуваат тие, протестите нема да престанат.

Протести против поскапувањето на електричната енергија, со истите барања, денеска се одржаа во повеќе градови во земјата

„Она што сите треба да го разбереме е дека оваа битка не е против никого. Оваа битка е за правда. Овие протести се заради самоодбрана, за правото на граѓаните на оој град, на овој регион и на оваа државата, да се заштитат од економската агресија што ни се прави. Почитувани граѓани, не смееме да заборавиме дека ова ќе се одрази секој месец на вашите сметки и постојано ќе го погодува вашиот џеб секој месец, вашата семејна економија, и така веќе влошена“, изјави за медиумите Селајдин Абдули, член на организациониот совет на протестот.