Заев ќе биде запаметен по банкротираната економија и историскиот пад на БДП

Македонската економија се урива. Епидемијата на Covid-19 и неуспешните мерки на Владата предводена од СДСМ предизвикаа пад на економијата во државата.

Бруто домашниот производ (БДП) за вториот квартал изнесува -12,7 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Пад има кај сите параметри освен кај јавната потрошувачка. Најмногу претрпел извозот. Според вчерашните извештаи на ДЗС, извозот во првите седум месеци бележи пад од 21,4 отсто, кај увозот намалување за 17,3 отсто. Според објавените податоци вредноста на извозот во периодот јануари – јули 2020 година изнесува 3.297.625 илјади американски долари. Вредноста на увeзената стока, во тој период, изнесува 4.511.999 илјади американски долари, што е за 17,3 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 1.214.374 илјади американски долари.

Економската состојба која е катастрофална според економистите беше очекувана. Со карантинот кој почна во март и се развлече цела пролет, не работеа шопинг моловите, рестораните и кафулињата. Голем дел од фабриките престанаа со работа, а откажани беа сите манифестации. Но тука виновникот исто така за ваквата економска состојба се должи и на популистичките и неуспешни мерки на власта кои не помогнаа туку уште повеќе ја урнаа економијата.

Опозицијата пак вели дека оваа влада има историско најголем пад на БДП и најлоша ситуација во економијата, а тука ја лоцираат вината во криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев.

„Државата влегува во должничко сценарио предизвикано од економското цунами кое го урива животниот стандард на граѓаните и со најновата бројка која што ДЗС ја објави, а се однесува на бруто растот, а т.е. да бидам прецизен падот на БДП влегуваме веќе во рецесија. Имаме историски најголем пад на БДП каков што немаше ни во воениот конфликт. Оваа влада има историско најголем пад на БДП каков што немаше ни во воениот конфликт“, рече на својата прес конференција во понеделникот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сите проценки на меѓународните, но и на домашните институции ја носат македонската економија во минус. Министерството за финансии очекува економијата годинава да падне на -3,4 отсто, Народната банка на -3,5 проценти. Најлоши сценарија предвидуваат ЕК и ММФ. Според нив економијата ќе оди во минус 3,9, односно -4 отсто.

Според „Макроекономски монитор“ од „Finance think“ се оценува дека има рецесија во македонската економија, со падови во индустријата од -25.3 отсто, трговијата, транспортот и угостителството од -23.4%, извозот од -25.6% и инвестициите за -29.6 отсто. Тоа покажува дека економијата е затворена и има најдлабока рецесија на македонската економија.

Сепак ова владеење на Зоран Заев ќе биде запаметено по најлошата економска состојба која што и се нема случено на државата до сега. Граѓаните се надеваат и очекуваат реални мерки од власта за да се ублажи падот на економијата.