10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

(ВИДЕО) Денвер ги елиминира Клиперси за историско финале на Западот, трипл-дабл на Јокиќ

Кошаркарите на Денвер се противникот на ЛА Лејкерс во конференциското финале во Западната конференција од НБА.

Денвер предводен од маестралните Никола Јокиќ и Џамал Мареј во полуфиналната мајсторка триумфираше против фаворизираниот ЛА Клиперс со 104-89 и со 4-3 во победи обезбеди историско финале на Западот.

Тимот од Денвер по втор пат во НБА плеј офот успеаа да се вратат од скоро загубена позиција од негатива од 3-1 во победи. Со овој подвиг избраниците на Мајк Мелоун станаа првата екипа во историјата на најсилното светско кошаркарско прветсво кои во еден плеј оф успеале да стигнат од 1-3 до триумф од 4-3 во победи.

Феноменален меч утринава во Орландо одиграа предводниците на Денвер Никола Јокиќ и Џамал Мареј. Јокиќ решавачкиот дуел против фаворитот од Лос Анџелес го заврши со трипл дабл од 16 поени, 22 скока, 13 асистенции и 3 блокади. Мареј со 40 постигнати кошеви беше најефикасниот поединец на дуелот.

https://www.youtube.com/watch?v=PAplEPBAAIA&feature=emb_logo

Клиперси и во третиот меч во низа ги разочараа своите навивачи, утрово се распаднаа посебно во решавачката четвртта четвртина, кога не успеааја да погодат скоро ништо. Нагести уште еднаш го искористија падот на својот противник и стигнаа до посакуваниот триумф.

Катасрофален натпревар утринава во Орландо одиграа најдобрите кошаркари на Клипесри Кавај Ленард и Пол Џорџ, лидерот на Клипесри Ленард постигна скромни 14 поени со очаен шут 6/22 од игра, а Џорџ заврши со само 10 кошеви на своето конто.