Дневен хороскоп за петок, 18 септември 2020 година

ОВЕН

Работа: Ова е одличен ден за самостојно обавување на работните обврски со оглед дека нема да бидете расположени за тимска работа и комуникација.

Љубов: Во емотивна смисла ќе уживате во комуникацијата и интимата со саканата личност.

Здравје: Одлично.

БИК

Работа: Одличен ден за финансии и работа. Прилив на пари позитивни влијае на вашата мотивација.

Љубов: Емотивно прилично сте отворени и расположени за интензивно дружење со партнерот.

Здравје: Се чувствувате силно.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Проблемите на работа влијаат на падот на самодовербата.

Љубов: Среќата во областа на љубовта ве следи, и ви дава дополнителна мотивација.

Здравје: Сте станале мрзеливи и не се движите, што може да доведе до последици.

РАК

Работа: Се чувствувате прилично успешно на работа па може да се случи да ветувате повеќе од што можете да направите.

Љубов: Љубовта ви е рана и минатото не ви излегува од глава.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

ЛАВ

Работа: Работно сте незадоволни и имате впечаток дека овој лош период нема никогаш да помине.

Љубов: Емотивно сте задоволни и ви следува убава средба со партнерот.

Здравје: Грбот ви е чувствителен.

ДЕВИЦА

Работа: Поволен ден за добивање на нови понуди што позитивно ќе влијаат на вашето расположение.

Љубов: Имате впечаток дека љубовта не ви оди, и во право сте.

Здравје: Јајниците се чувствителни.

ВАГА

Работа: Во тек е одличен ден за уметнички остварувања.

Љубов: Во емотивна смисла не сте опуштени, сте неприлагодени и имате потреба да правите работи од инает.

Здравје: Физички добро се чувствувате, ќе ви годи прошетка.

ШКОРПИЈА

Работа: Од работата не сте задоволни и потребно е на мирен начин да прифатите дека не е секој период поволен за работа.

Љубов: Емоциите ви работата и имате потреба да бидете со партнерот што повеќе.

Здравје: Чувствителност во надбубрежните жлезди.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Нервозни сте и може да влезете во непланирана караница со некој колега.

Љубов: Емотивно сте во тотален пад, и не сакате да комуницирате ниту да се гледате со никого.

Здравје: Нервите ви се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Работа: Имате отворен ум, и со задоволство ги прифаќате сугестиите од надредените.

Љубов: Емотивно сте заинтересирани, но љубоморни што ќе доведе до правење на претерани љубоморни сцени.

Здравје: Солидно.

ВОДОЛИЈА

Работа: Уморни сте од обврските и ќе ви годи одмор.

Љубов: Поради работата трпи и вашиот емотивен живот во смисла дека денеска не ви годи дружење со саканата личност и пријателите.

Здравје: Освен уморот, здравјето е задоволително.

РИБИ

Работа: Работата ви оди од рака: вредни сте, расположени и задоволни како реализацијата на работните планови тече.

Љубов: Емотивно сте празни и незаинтересирани за дружење и комуникација со најблиските.

Здравје: Одлично.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.