Жонг Шаншан е најбогатиот Кинез

Во четвртокот, богатството на основачот на компанијата „Nongfu Spring“, Зонг Шаншан, изнесуваше 57,2 милијарди долари.

Така тој ги надмина основачите на „Тенсент“ Пони Ма и „Алибаба“ Џек Ма, чии средства вредат 56,3 милијарди и 50,4 милијарди долари, според „Форбс“.

Најбогатиот Кинез сега е и 17-та најбогата личност во светот.

Зонг е сопственик на 84,4 проценти на  „Nongfu Spring“, компанија за шишиња за вода и пијалоци.

Компанијата собра значителни средства кога излезе во јавноста на почетокот на овој месец.

Зонг има и контролен удел во Wantai Biological, фармацевтска компанија која развива вакцина за Ковид-19.