57 лица ја загубија борбата со коронавирусот во Србија, а голем е и бројот на новозаразени

Коронавирусот во последните 24 часа е потврден кај 7.696 лица, а истовремено како последица на овој вирус починале 57 пациенти.

Тестирани биле 25.161 лице. На респиратор се приклучени 278 пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 6.733 пациенти.