Косовскиот опизициски лидер Курти, позитивен на коронавирусот

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Движење самоопределување (VV), поранешниот премиер на Косово Албин Курти по тестирањето информира дека е позитивен на ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава преку својата страница на фејсбук, Курти наведе дека имал лесни симптоми и дека наредните две недели ќе биде во самоизолација.

„Почитувани членови на Движењето и граѓани на Републиката. Завчера имав одредени симптоми: лесна главоболка, мала кашлица и болки и црвенило на очите. Вчера го извршив тестот за ковид-19 и резултирав позитивен. Во наредните две недели ќе бидам во самоизолација“, напиша 45-годишниот Курти.