Арсовски до Филипче: Биди си како што си добар доктор, но не мора да бидеш гробар на народот!

Венко Филипче вика греота било тоа што го правела опозицијата (опозицијата го критикува што му умираат луѓе и што имаме највисока смртност), а не вика греота се луѓево што умираат и нивните семејства (над 1000 ), напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на Фејсбук.

Тој вели дека Филипчер не вика греота се струмичани што немаат возило за итна помош, па им донираат 40 години старо од друга институција.

„Не вика греота се овие луѓе што не можат да се тестираат и хоспитализираат.

Не вика греота се 40.000 дечиња што се сиромашни и немаат можност да учат.

Не вика греота се над 50.000 отпуштени заради немањето помош на стопанството од Владата.

Не вика греота се штипјани што фирмите на Бочварски земаат тендери.

Не вика греота е државава што ја управуваат криминалци и ‘неспособњаци’ како Заев.

Веќе не палат ПР триковите каде што треба да придобие таканаречен „Рејтинг на сожалување” кој се добива во време на сериозни кризи каде на удар е целокупното општество.

Помина тоа време на барање сожалување и општо соживување од граѓаните кон криминалната ни Влада.

Затоа, доста препелкање и ‘паламудење’ (се извинувам што користам збор од речникот на Заев) и најитно поднеси си оставка.

Биди си како што си добар доктор (можеби најдобар) во областа, но не мора да бидеш гробар на народот!

За крај, засрами се!“, порача Арсовски.