Василевска: Преговарање за македонскиот јазик е уште еден чин на предавство на Заев

Лицемерно се крие работата на комисијата за историските прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Кажаа дека стигнале до Гоце Делчев, а прашајте што се Кирил и Методиј. Ги направија Бугари. Чиј е Цар Самоил? Дадоа се, а немаше дискусија во Парламентот, си го направија во тесен круг внатре во владата. Одговорност нема, а работите течат и доаѓаме уште погорливи прашања, изјави Иванка Василевска пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“ на Канал 5.

„Имаме еден комплетен молк од страна на најповиканите, бидејќи власта ги држи под контрола, како што се МАНУ, Институтот за национална историја кој е умртвен, го нема ни Институтот за македонски јазик и книжевност, каде само двајца зборуваат и тие се комплетно тргнати на страна. Голем е притисокот во сите сегменти“, истакна Василевска.

Вели дека нне прашањето дали ќе влеземе во Европската унија, туку какви ќе влеземе, бидејќи нашата власта молчи и не дава информации за вакви горливи прашања, додека од друга страна секојдневно се гледа како бугарскатта страна постојано ја информира јавноста.

„Нашите министри преговараат тивко, а кај нас се создава дилема, бидејќи секојдневно добиваме информации од бугарските официјлани власти, а за разлика од нашите кои молчат. Има една сигурност, а тоа е дека ќе се преговара и ќе се наоѓа солуција и за македонскиот јазик, што е уште еден чин на предавство на власта на чело со Зоран Заев“, нагласи Василевска.