Во Ирак погубен 21 осуденик за тероризам

Во Ирак, земјата во којашто се изрекуваат најмногу смртни казни во светот, во понеделникот е погубен 21 Ирачанец осуден за дела од тероризам, потврдија медицински и полициски извори.

Дваесет и еден маж се погубени за гривочното дело „тероризам“ кои е изведено неодамна или пред повеќе години. Сите се погубени со бесење во галвниот затвор во Насирија, на југот од земјата, единствениот во кој се извршува смртната казна.

Откако Ирак во ноември 2017 година прогласи победа над ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава која од летото 2014 година држеше големи територии на земјата како и во соседна Сирија на кои прогласи „Калифат“, ирачките судови изрекоа стотици смртни казни за нејзините припадници. Тие се обвинети за масовни колежи и егзекуции, како и за најбрутални ѕверства врз припадниците на ирачките безбедносни сили и врз цивилото население, особено врз припадниците на доминатната шиитска заедница, на курдската и на етно-кофнесионалната јазидска заедница, како и врз сунитите кои го отфрлаат ригидното толкување на исламот од страна на групацијата.

Претседателот Бархам Салех, кој е Курд, ги потпишува судските одлуки за извршување на смртните казни. Тоа го сторил и за 21 осуденик егзекутиран во понеделникот, се додавата во соопштението на ирачката полиција.

Смртни и стотици казни доживотен затвор им се изречени на Ирачани, но и на странци и мажи и жени, врз основа на Кривичниот закој кој ја содржи смртната казна за секој кој ќе се приклучи на терористичка група, без разлика дали бил нејзин борец.

Со бесење досега не е погубен ниеден странски боред на Исламската држава осуден на смрт, но во Ирак на извршување на смртната казна во моментов чекаат 11 државјани на Франција и на Белгија.

Активистите за човекови права редовно го прозиваат Багдад кога станува збор за смртната казна. Во 2019 година во Ирак се погубени 100 осуденици, што е речиси секое седмо извршување на смртната казна во светот, наведува меѓународната невладина организација Amnesty International.