21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Почина Благоја Стефановски-Баге, поранешен министер за култура и директор на НТ-Битола

На 67-годишна возраст почина Благој Стефановски-Баге, поранешен министер за култура и долгогодишен директор на Народниот театар од Битола.

Од семејството соопштија дека Стефановски последниот месец бил болен од друга болест, а последно бил направен и тест на ковид-19 на кој излегол позитивен.

Од 1975 до 1980 година Стефановски беше директор на Народниот театар во Битола, период кој се нарекуваше и ѕвезден поради плодната дејност на оваа театарска куќа. Беше министер за култура во периодот од 2002 до 2006, во влемето на владата на Бранко Црвенковски, а по истекувањето на мандатот не се врати во матичната куќа, туку создаде свој „Мал драмски театар“ во Битола, кој се прослави по многуте награди низ Балканот.

„Денес Народниот театар од Битола го загуби неговиот Благоја Стефановски-Баге. Човекот кој имаше способност своите мечти и визии да ги исполни а со тоа НТБ да го направи еден од водечките театари на овие простори. Затоа, Баге е нераскинлив дел од неговиот идентитет. Овие двајца другари растеа заедно, заедно го пропатуваа половина свет, заедно направија претстави кои ја променија македонската театарска историја, едноставно светот за Баге и НТБ беше премал. Токму затоа денес НТБ не се простува од него туку го става во своето катче на великаните, на столбовите, кои овој наш театар 76години го крепат“, соопшти Народниот театар од Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.