AstraZeneca ќе спроведе испитување за комбинација на својата со руската вакцина „Спутник V“

Британско-шведската фармаколошка корпорација „AstraZeneca“ ќе спроведен заедничко испитување со творците на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, за можна комбинација со сопствениот препарат против коронавирусната инфекција, соопшти во петокот компанијата и додава дека ваквата научна соработка има „супштинско значење за подобрување на идната достапност на вакцината преку пошироко портфоли на препаратите“.

Како што е објавено на акаунтот на Twitter посветен на вакцината, британската биофармацевтска компанија ќе ја започне програмата за клиничко испитување на комбинацијата од двете вакцини од коронавирусот: AZD1222, која ја развија експертите на „AstraZeneca“ и Универзитетот Оксфорд, и на „Спутник V“, врз волонтери постари од 18 години.

„Компанијата планира да спроведе истражување во соработка со научниот институт ‘Гамалеј’, Рускиот фонд за директни инвестиции и ‘Р-Фарм’. Комбинацијата од различни вакцини може да претставува важен чекор во превенцијата од Covid-19 преку зајакнување на имунолошкиот одговор и зголемувањето на достапноста на лековите (…) Испитувањето за различни режими на примената на вакцини е неопходно за да се процени изводливоста за создавање пофлексибилни програми за вакцинација, кој им даваат на лекарите поширок пристап кон превенцијата на болестите“, се вели во објавата на „AstraZeneca“.

Двата препарата се развиени врз основа на аденовирусни вектори, во кои е вклучен шилестиот протеин на новиот сој коронавирус SARS-CoV-2. Истовремено, кај аденовирусите е исклучена способноста да се реплицираат, и тие служат како систем за испорака на генетскито материјал (антиген) во човечките клетки.

„Во моментов AstraZeneca ја истражува можноста за комбинирање на различни аденовирусни векторски вакцини“, соопштија од компанијата.

Од своја страна, Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) соопшти дека клиничките испитувања на комбинацијата на вакцината на „AstraZeneca“ во содејство со хуманиот аденовирусен вектор од типот Ad26 кај „Спутник V“ ќе започен до крајот на годинава.

„Овој уникатен пример на соработка меѓу научниците од различни земји во заедничката борба против коронавирусот ќе има клучна улога во постигнувањето конечна победа над пандемијата ширум светот“, изјави директорот на рускиот фонд, Кирил Дмитриев.

Додаде дека одлуката на „AstraZeneca“ да спроведе клинички испитувања со користење на еден од двата вектора на „Спутник V“ за подобрување на својата вакцина претставува важен чекор кон здружувањето на силите во борбата против пандемијата.

 

Предностите пред конкурентите

Вакцината на „AstraZeneca“ има предност во однос на конкурентите на Западот, бидејќи користела традиционална технологи, како и руската вакцина „Спутник V“ којашто е развивана на веќе познати платформи за други вакцини, па затоа е и поевтина и поедноставна за складирање. Затоа што на овој начин создадените вакцини може да се чуваат на температури во обичен домашен ладилник од 2 до 8 Целзиусови степени до шест месеци, а не при екстремно ниски температури, како што е случајот со вакцината на американска „Moderna“ од минус 20 Целзиусови степени, односно минус 80 Целзиусови степени на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNtech“.

Објавените кон крајот на ноември прелиминарни резултати од клиничките испитувања спроведени на 20.000 волонтери во Велика Британија и Бразил, покажаа дека просечната ефикасност на вакцината на „AstraZeneca“ изнесува 70 отсто. Во текот на тестирањата било откриено дека кога биле внесени двете подеднакво големи дози на вакцината со разлика од еден месец, нивото на заштита од инфекцијата изнесувало 62 отсто. Но тоа се зголемило на 90 проценти кога испитаниците прво примиле мала доза, а апотоа со втората инјекција зголемена доза од препаратот.

Како дополнителна предност и ефикасност, нејзините автори го истакнуваат фактот дека немало случаи на хоспитализација на учеснциите во клиничките испитувања или развој на потешки форми на Covid-19