Шарл Мишел во самоизолација поради Макрон

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се самоизолирал откако е потврдено дека францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на Ковид-19.

Од Европскиот совет соопштуваат дека француските власти го известиле Мишел дека тој не се смета за близок контакт иако со Макрон се состанале во понеделник на 14 декември во Париз.

Од Брисел велат дека Мишел бил негативен на тестот во вторник, но дека од претпазливост применил самоизолација.

Претседателот на Европскиот совет преку својот Твитер налог испрати охрабрувачки зборови и желба за брзо опоравување на Емануел Макрон.