Мртовечниците преполни во Калифорнија, жртвите од корона се чуваат во камиони-ладилници

Американската држава Калифорнија денеска обезбеди најмалку 166 камиони-ладилници како привремени мртовечници за да се справи со недостигот од капацитети во преполните болници поради големиот број смртни случаи од ковид-19.

На болниците им е наредено веќе да не примаат тешки случаи кои се очекува да имаат смртен исход.

Минатата недела во Калифорнија починаа 2.500 луѓе од ковид-19, многу повеќе отколку во која било друга држава, на секои 15 минути едно лице умира од вирусот.

Голем број камионски приколки со разладни уреди и фрижидери се надградени со полици за да соберат што повеќе тела.

Мртовечниците и погребните претпријатија ги одбиваат ужалените семејства затоа што немаат веќе капацитет да примат нови починати.

Поголем дел од Калифорнија, вклучително и Лос Анџелес, е во карантин и на луѓето им е наредено да не ги напуштаат своите домови.