Забрана за движење на камиони на Стража

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража, информира Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Од „Македонија пат“ апелираат да се употребува задолжителна зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на овој патен правец.