Пораз на РК Вардар кај Порто во ракометната Лига на шампионите

Ракометарите на Вардар со променлива игра во Португалија, го доживеаја првиот пораз гостински пораз во 2021 година кај Порто со 24:27.

Вардар добро го отвори напреварот и по седум минути стигна до водството од 5:1, во период од мечот кога се играше со висок интензитет. Но следеа осум минути во кои се играше тешко во нападот и повеќе деконцентрирано што резултираше со израмнување на 5:5. Вардар остана во предност и по израмнувањето и дојде до 8:5, но потоа тимот на Порто засили и дојде до пресврт. Првото водство од 11:10 на Порто а во 26 минута го зголеми на 12:10 што беше најава дека домашните можат да имаат предност на одмор од средбата. Меѓутоа, во завршницата „вардарци“ одново се покажаа во добро светло и стигнаа до нерешени 13:13 откако Вујин погоди во празниот гол со шут од средината на теренот.

Наспроти првиот дел, Вардар лошо влезе во второто полувреме и му дозволи на Порто да направи серија од 4:0 за пет минути, и се чини дека ова беше клучниот момент на мечот. Зашто иако откако во 38 минута домашните поведоа со „плус пет“ (19:14), а во 42 минута со 21:16, нивниот тренер Магнус Андерсон ги честеше вардарци бидејќи почна упорно да игра 7 на 6, на која Вардар одговори со со одлична одбрана. Добрите одбрани на Борко Ристовски и неколкуте реакции на Тимур Дибиров во тој период успеаја да дојдат до гол заостанување (20:21) на 12 минути до крајот на дуелот.

Меѓутоа, „вардарците“ немаа сила да реализираат неколку прилики за израмнување, што му овозможуваше на Порто неколкупати да се одлепи на „плус два“. Во финишот се надоврзаа и неколкуте технички грешки во фазата на нападот, па дуелот заврши со конечните 27:24 за Порто.