Стоилковски: Знае ли Заев кој е премиер на Гвинеја, знае ли Стево кој е Пендаровски во Гвинеја?

По ембаргото на Македонија кон Гвинеја, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски упати неколку прашања до државниот врв.

Молам детално објаснување од властите, потребно за да се разбере важноста на овој чекор:
-Колкава е трговската размена на Македонија со Гвинеја?
-Колкава е финансиската размена на Македонија со Гвинеја?
-Колкаво учество во финансиските трансакции има трговијата со оружје и муниција меѓу Македонија и Гвинеја?
-Колкаво е учеството на патници од Гвинеја, со посебен осврт на патници со патни документи издадени од Гвинеја, во македонскиот вкупен број на влезови на странски државјани при воздушен, копнен и воден сообраќај, преку чартер или транзитен сообраќај?
-Знае ли Заев кој е премиер на Гвинеја?
-Знае ли Стево кој е Пендаровски во Гвинеја?
-Има ли започнат процес на вакцинација во Гвинеја и дали е тоа причината што нема вакцини во Македонија?
Ви благодарам.

Македонија ѝ воведе санкции и на Гвинеја само 10 дена откако ѝ го стори истото на Никарагва. Повторно придружувајќи ѝ се на Европската унија.

Рестриктивните мерки објавени во „Службен весник“ опфаќаат ембарго на оружје, финансиски мерки и забрана за влез во Македонија.

Гвинеја е држава со 12,8 милиони жители во западна Африка и излегува на Атлантскиот Океан.