Иницијатива против урбаното дивеење во Ѓорче Петров го соочи Бочварски со проблемите кои ги прави Наумоски

Иницијативата против урбаното дивеење во скопската општина Ѓорче Петров оствари во петокот средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

На средбата, како што информираат од Иницијативата, било разговарано за донесените урбанистички планови од страна на општината Ѓорче Петров, како и за тие што се во план да се донесат.

„Го информиравме министерот Бочварски за неправилностите во донесувањето на овие планови, како и за напите барања да не ги одобруваат деталните урбанистички планови од Ѓорче Петров без детален преглед и без гаранција дека се испочитувани сите аспекти на хуманото живеење“, се истакнува во информацијата за медиумите.

Воедно од Иницијативата против урбаното дивеење било побарано министерството будно да го следи процесот на носењето на 25 урбанистички планови во осум месеци, што  локалната самоуправа и градоначалникот Алескандар Наумоскиспоред бив сакаат да го направат согласно годишниот план за работа на советот.

„Министерот Бочварски ни укажа дека ја знае состојбата и нашиот проблем и во иднина посериозно ќе внимава на деталните урбанистички планови кои стигнуваат од општина Ѓорче Петров. Бочварски истакна дека согласно новиот Закон за урбанистичко планирање , постои можност за формирање на партиципативно тело кое активно ќе биде вклучено во сите постапки на носење на урбанистички планови, нешто за кое што му уккажавме дека не сме информирани дека такво тело има во организацијата на нашата општина“, се додава во објавата.

Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров изрази задоволство за приемот со оглед дека неколкупати барале средба со градоначалникот Александар Наумоски но не биле примени, а Бочварски истакна дека Министерството за транспорт и врски останува отворено за соработка со сите здруженија и организации со цел почитување на урбанистичките правила за хумано живеење.