Јувентус со пресврт до победата во дербити со Лацио

Juventus FC vs SS Lazio at the Allianz stadium in Turin, Italy, 6 March 2021 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Во дербито од 25-то коло на италијанското фудбалско првенство, Јувентус во Торино го совладата Лацио со 3:1.

Торинската „Стара дама“ до победата дојде со пресврт бидејќи Лацио поведе уште во 14 минута со погодокот на Хоакин Кореа. Но Јуве прво израмни во 39 минута преку Адриен Рабио, а потоа во вториот дел Алваро Мората погоди прво во 57 а во 60 минута реализираше и најстрога казна.

Кристијано Роналдо не го започна натпреварот, и во игра влезе дури откако Јувентус ја удвои предноста во 69 минута, токму на местото на двојниот стрелец Мората.

За Јувентус ова е 15-та првенствена победа сезонава, и во моментов со 25 натпревари е на третото место со 52 бодови, бод помалку од вторпласираниот Милан и седум од првиот Интер кои во недела ќе ги играат своите дуели од 26-то коло, како и четвртопласираната Аталанта која со победа може бодовно да се израмни со Јуве.

Лацио и покрај вториот последователен пораз безбеден на седмото место со 38 бодови, но бодовно заостанува во моментов девет бодови зад местата кои водат директно во европските купови следната сезона.

 

Во првиот саботен дуел Специја и Беневенто одигра без победник 1:1. Гостите поведоа во 24 минута со голот на Адолфо Гаиш, а израмнувањето за домашните го доведе Даниеле Верде во 71 минута.

Специја и Беневенто и по ова коло останаа израмнети сега со по 26 бодови, на 14-то односно 15-то место, додека 16-та Фиорентина има бод и меч помалку.

 

Удинезе извојува победа од 2:0 на домашен терен во дуелот со Саусоло. Стрелци за домашните беа Фернандо Љоренте во 42 и Роберто Перејра во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.

И покрај поразот Саусоло остана на деветтото место со 36 бодови, но сега десеттиот Удинезе ми се приближи на 32 бодови но со меч повеќе.

 

Во недела на распоред се дуелите Рома – Џенова, Фиорентина – Парма, Верона – Милан, Кротоне – Торино, Сапдорија – Калјари и Наполи – Болоња, а во понеделник вечерта колото ќе го затвори дерби дуелот меѓу Интер и Аталанта.