Богатството на Бафет мина 100 милијарди долари

Капиталот на Ворен Бафет достигна 100,3 милијарди американски долари благодарение на остриот раст на неговата холдинг копанија „Berkshire Hathaway“, покажуваат податоците кои во четвртокот ги објави деловниот магазин Forbs, кои се ажурираат во реално време.

Според овие податоци, Бафет влезе во првата петорка најбогати луѓе на планетата чијшто севкупен капитал се проценува на повеќе од 100 милијарди долари. Првото место го зазема челникот на американската корпорација „Amazon“ сопственк на најголемата интернет-продавница во светот, Џеф Безос со 179,6 милијарди долари. Имот од речиси 14 милијарди долари помалку од него поседува американскиот претприемач Илон Маск, благодарејќи на растот на акциите на неговата компанија за производство на електрични автомобили „Tesla“. По нив следат Бернар Арно, претседател на групацијата компании LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy) со 160,2 милијарди и основачот на технолошкиот гигант „Microsoft“, Бил Гејтс, чиешто богатство се проценува на 125,6 милијарди долари.

Во август минатата 2020 година, Ворен Бафет наполни 90 години, а во текот на изминатите децении беше постојано меѓу тројцата најбогати луѓе на светот, но во 2019 годиона падна на четвртото место со 67,5 милинарди долари. Во периодот меѓу 2006 и 2019 година, Бафет донираше речиси половината од своето богаство или повеќе од 34,56 милијарди во разни компании. Во 2010 година Ворен Бафет и Бил Гејтс ја иницираа филантропската кампања „Заклетва за донирање“, во која ги повикаа милијардерите да донираат повеќе од поливината од своето богатство во добротворните организации.

Во 1965 година, Бафет го преземал контролниот пакет акции во текстилната компанија „Berkshire Hathaway“ кога таа била пред бакрот и ја претворил во холдинг, кој упраува со активите на компаниите кои се активни во различни области. Во 2020 година холдингот го сочинуваа веќе повеќе од 60 компании, меѓу кои и некои од водечките американски банки и производителни на техника.