Пандев погоди за домашно реми на Џенова

Genoa CFC vs Udinese Calcio at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 13 March 2021. ANSA/LUCA ZENNARO

Во последниот саботен натпревар во 27-то коло на италијанската фудбалска лига Џенова не успеа и покрај раното водство да ги освои бодовите во дуелот со Удинезе.

Џенова поведе веќе во 8 минута со минијатурата на македонскиот ветеран Горан Пандев, кој на теренот остана до 70 минута. Судијата прво го поништи погодокот, но благодарение на ВАР-от голот беше признат. Но во 30 минута Кришчито направ пенал кој за гостите го реализираше Родриго Де Пол. Вториот македонски репрезентативец кој настапи на овој дуел, Илија Несторовски во редовите на клубот од Удине во 90 минута заработи жолт картон, десетина минута откако во игра влезе на местото на Фернандо Љоренте.

Џенова е 14-та со 28 бодови, шест повеќе од опасната зона, а Удинезе е моментално 10-ти со 33 бодови.

 

Претходно Сасуаол како домаќин со 3:2 ја совлада Верона и ја мина на првенствената табела. Сасуоло двапати беше во водство со 1:0 и со 2:1 со погодоците на Мануел Локатели во 4 и Филип Ѓуричиќ во 51 минута, но Верона израмнуваше преку Дарко Лазовиќ во 43 и Федерикао Димарко во 79 минута, но откако Хамед Жуниор Траоре погоди во 81 минута за домашните гостите веќе не можеа да се вратат.

Сега Сасуаоло е на 8-то место со 39 бодови, еден повеќе од следната на табелата Верона.

 

Во дуелот за бегство подалеки од зоната на испаѓање, Фиорентина беше убедлива со 4:1 на гостувањето кај Бневенто. Троен стрелец за гостите беше Душан Влаховиќ кој погоди во 8, 26 и 45 минута, а еднаш и Валентиј Ејсерик во 75 минута, а за домашните голот го постигна Артур Лонита во 56 минута.

Фиорентина сега е 12-та со 29 бодови, а Беневенто е 16-ти со 26 бодови, шест повеќе од 18-то Торино место кое води во Серија Б, но кој има дури три натпревара помалку.