Вардар на чекор од титулата, падна Пелистер

36

РК Вардар 1961 покажа кој кој е газда во Македонија, денес во дербито од домашниот шампионат беше убеделив на мечот против Пелистер. Црвено-црните дојдоа до победа со резултат 35-27 (17-12).

Вардар одигра одлично во првото полувеме, период во кој успеа да се стекне со позитива од пет голови. Гостите отворија со гол, тие први поведоа со 0-1. Вардарци дојдоа до резултатска симетрија (3-3), а преку Гоце Горгиевски поведоа со 4-3 во 7.минута. Вардар беше во налет, во 10.минута по одбрана на Ристовски награди Гаџа кој стрелаше за 6-3. Ги одржувавме тие три плус до 19.минута, Бабиќ побара минута одмор. Сепак како тоа да беше стимулација за нас, отидовме на пет плус (12-7) во 20.минута со голот на Дибиров Тимур по брза контра. Во последните 90.секунди влеговме со истите пет плус, (16-11) по голот на капитенот Стоилов. Во последната минута битолчани напаѓаа за минус три, Ристовски одбрани, по брза контра погоди Чупиќ за 17-12 резултат со кој се замина на одмор.

Прв пат отидовме на шест гола позитива по првиот напад, Дисингер погоди за 18-12 во првиот напад. Гаџа по брза контра погоди за 8.позитива (23-15) по што во 36.минута клупата на гостинот побара тајм-аут. Ја одружувавме предноста од осум гола, конечно дојдовме и до девет позитива,  28-19, кога Дибиров погоди во 44.минута. Дојде наградата за одличната игра, двоцифрена предност остваривме во 48.минута кога Дибиров погоди за 30-20. Дојде до благо опуштање во финишот поради големата предност, ние победивме со резултат 35-27.

Ова е голем резултат за црвено-црните, кој со овој триумф е на чекор до шампионската титула во Македонија.

Извор: Вардарфанс.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.