Заев: Покажавме доблест и наместо бојкот и блокади се договоривме пописот да се одложи

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е задоволен од исходот на средбата со Мицкоски и одложувањето на пописот.

„Ова значи дека се одложуваат и локалните избори за втората половина на октомври. Дијаспората ќе продолжи да се попишува во целиот овој период, заклучно до 30 септември.

На средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски освен за Пописот, разговаравме и за имунизацијата од КОВИД-19, изборниот законик и унапредувањето на демократските модели за локалните и парламентарните избори и деблокадата на работата на Собранието“.