8.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Дали Левица и Апасиев ја признаа „Северна“?!

Двајцата пратеници на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, се потпишаа на Предлог-законот за измена на Изборниот законик, каде државата се нарекува „Северна Македонија“.

Овој Предлог-закон е потпишан од малите партии, а својот потпис го ставија и пратениците на Левица. На целиот текст на предлог законот, на кој се потпишани Апасиев и Крмов, нашата држава е напишана како Северна Македонија.

Се поставува прашањето дали Левица ја призна „Северна“?

 

Во продолжение текстот од П Р Е Д Л О Г – З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

Скопје, март 2021 година

ВОВЕД I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА НЕГОВО ДОНЕСУВАЊЕ

Со Изборниот законик се уредени начинот, условите и постапката за избор на претседател на Република Северна Македонија, избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, избор на градоначалник на општина и градоначалник на градот Скопје, начинот и постапката на евидентирање на избирачкото право, водење на Избирачкиот список, определување на границите на изборните единици и утврдувањето, менувањето и објавувањето на избирачките места, како и условите за функционирање на избирачките места. Од моментот на осамостојувањето, изборниот модел на Република Северна Македонија, претрпе неколку битни промени. За првите парламентарни избори во 1990 и во 1994 година, карактеристични се следниве елементи од изборната техника, утврдени со тогаш важечкиот Закон за избор и отповик на пратеници и одборници (1990): кандидирање врз најширока основа; мали изборни единици; поединечни избори и распределба на мандатите со примена на мнозинскиот систем со апсолутно и релативно мнозинство гласови. На пример, во 1990 година 18 политички партии и една општествена организација предложиле во 120 изборни единици 1.115 кандидати за 120 пратенички места. Група граѓани предложила 43 кандидати. Во 1994 година, пак, 28 политички партии предложиле 1.482 кандидати за 120 пратенички места. Група на граѓани предложила 283 кандидати. Станува збор за поединечни или за униноминални избори. Севкупната државна територија била поделена на 120 изборни единици во 34 општини за 120 пратенички места, врз основа на принципот: еден пратенички мандат – една изборна единица. Распределбата на мандатите во Собранието е извршена врз основа на мнозинскиот систем со апсолутно (во првиот круг) и со релативно мнозинство гласови (во вториот круг).

Со донесувањето на Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 1998 година, се напушта апсолутната доминација на мнозинскиот модел, за сметка на комбинираниот изборен модел кој предвидувал 85 пратенички места врз мнозинскиот модел и 35 пратенички места врз пропорционалниот модел.

Во 2002 година се воведува пропорционалниот модел за распределба на сите 120 пратенички места, со поделба на државната територија на шест изборни единици, од кои во секоја изборна единица се избираа по дваесет пратеници.Квотата од 30% за прв пат е вградена со Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија од 2002 година, со цел да се обезбеди поголема застапеност на жените во парламентарното тело („рамноправноста на половите како најсуптилно мерило за степенот на демократијата“).

Пропорционалниот изборен дизајн претставува обележје и на современото изборно право и на изборниот систем на Република Северна Македонија: на парламентарните избори се избираат 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што, територијата на Република Северна Македонија е поделена на шест изборни единици (во секоја од нив се избираат по 20 пратеници), а тројца пратеници (од редовите на дијаспората) се избираат според мнозинскиот модел во еден изборен круг и тоа по еден пратеник од три изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија (чл. 4 ст. 2 од Изборниот законик).

Согласно Законот, во изборните единици бројот на избирачите може да отстапува најмногу од минус 5% до плус 5% во однос на просечниот број избирачи во изборната единица, со исклучок на изборните единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија (ст. 3).

Денес, повеќе автори пропорционалниот изборен дизајн го сметаат за особено важен за државите од групата на понови демократии меѓу кои се вбројува и Република Северна Македонија. Тоа, меѓу другото е така бидејќи, ваквиот концепт може да обезбеди соодветна вклученост на сите позначајни актери, што е иеден од клучните услови за демократска консолидација. Сумарно земено, предноста на пропорционалниот изборен модел е во основното правило врз кое се заснова и самиот систем, а тоа е вршење на распределбата на мандадите во зависност од уделот на гласови освоени од страна на одредени кандидати или политички партии. Како таков, системот е базична точка на концептот за консензуална демократија и обезбедува поголема умереност помеѓу политичките партии. Илузорно е да се верува дека постојниот систем со неговите варијабли и недоследности претставува некаков совршен модел кој не треба да подлежи на натамошни измени. Оваа идеја во последниов период доби на значење, како на домашно, така и на компаративно ниво. Главна критична точка на домашното политичко тло претставува определбата за поделба на територијата“.