Мицкоски: Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ги замислувам со чесни луѓе кои се подготвени да работат и да имаат достоинствен живот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Опуштено“ зборуваше за тоа како тој ја замислува Македонија како држава.

„Не ја замислувам Македонија земја на кавгаџии. Јас ја замислувам земја на вештачка интелегенција, роботика, квалитетно образование, технолошки напредна земја, со пензионери кои имаат високи пензии, со администрација која е среќна таму каде што работи, со глумци кои играат по неколку претстави неделно, со спорстки клубови со македонските херои кои беа на Европско, тука се одбојкарите, ракометарите, ракометарките, тука е новиот рекорд на Дрита Ислам“и, истакна Мицкоски.

Зборуваше и за тоа како го замислува ВМРО-ДПМНЕ и укажа дека тука станува збор за чесни луѓе кои се подготвени да работат и да имаат достоинтвен живот.

„ВМРО-ДПМНЕ го замислувам вака, тоа се луѓето честити, чесни кои се подготвени да работат, но да имаат достоинствен живот, тоа е Македонија во 21 век и јас така ја замислувам ВМРО-ДПМНЕ како современа, конзервативна десна опција“, додаде Мицкоски.