Македонските ракометарки го победија Косово, но останаа без полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Македонската репрезентација составена од ракометарки до 19 години синоќа забележа убедлив триумф над Косово со 33:16.

Најефикасна во победничкиот состав беше Андреа Седлоска со осум погодоци.

И покрај убедливата победа, „црвено-жолтите“ не изборија пласман во полуфиналето и ќе разигруваат за 5-8. место.

Првите две места во групата Б-2 им припаднаа на Фарски Острови и на Холандија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.