64,3% од граѓаните сметаат дека владата предводена од СДСМ нема да донесе промени на подобро во иднина

Институтот „АКСИОС“ во периодот од 10.11 до 14.11.2021 година спроведе теренско истражување на територија на цела Република Северна Македонија. Истражувањето е спроведено на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1123 испитаници на територија на цела Република Северна Македонија.

Статистичкта грешка на истражувањето е околу 2%.

Анкетираните на прашањето „Дали мислите дека владата на Република Северна Македонија има сили за позитивни промени во државата“, дури 64,3% одговориле дека нема да има промени на подобро, додека само 20,8% сметаат дека ќе има промени на подобро.