Непотизам на јавните тендери, нема зштита на НВО-та кои ја истражуваат корупцијата, нагласуваат од Стејт Департменот

Во изветшајот на Стеј Департментот за „Извештај за климата за инвестиции во 2021 година: Северна Македонија“ се нагласува дека Владата не бара фирмите да воспостават внатрешни кодекси на однесување со кои се забранува поткуп на јавни службеници и дека во извештаите на невладините организации се потенцира непотизмот на јавните тендери.

„Владата не бара приватните компании да воспостават внатрешни кодекси на однесување со кои се забранува поткуп на јавни службеници. Голем број домашни невладини организации се фокусираат на антикорупцијата и транспарентност во јавните финансии и тендерските постапки. Чести се извештаите за непотизам на јавните тендери. Владата не обезбедува посебна заштита на невладините организации вклучени во истрагата на корупцијата. Северна Македонија ги ратификуваше Конвенцијата на ООН против корупција и Конвенцијата на ООН против транснационален организиран криминал и ја потпиша Конвенцијата на ОЕЦД за борба против митото“, се нагласува во извештајот.