641 новозаболени е доказ дека ништо што власта направи нема ефект

34

Секој ден е нов пик, вчерашната бројка од 641 заболени е вина на Комисијата, која треба да се замени со нова Специјална комисијата од експерти. Власта и Комисијата за заштита од заразни болести немаат никаков кредибилитет и не можат да се справат со коронакризата. Секој четврти тестиран во Македонија е болен од ковид, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Вчерашната бројка од 641 новозаболени е доказ дека ништо од тоа што власта направи нема ефект. Секој ден е нов пик. Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и од првично најавуваните 2.000 заболени за цела пандемија, сега имаме 2.000 за само една недела. Власта предлага несуштински мерки за борба против пандемијата, уште од самиот старт во март пристапот е погрешен и политикантски. Комисијата за заштита од заразни болести е главниот виновник за високиот број на заразени и починати. Комисијата наместо стручност демострираше политика. Токму затоа е потребно формирање на Специјална комисија која ќе биде составена од професионалци, експерти во своите области кои здравјето и интересот на граѓаните ќе ги стават пред лично партиските интереси на партијата на власт. СДСМ нема капацитет да биде во функција на граѓаните и овој пат одлучи да партизира се до крај. Потребен е систематски пристап кој ќе резултира за подобрена општа здравствена состојба и силна економија“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.