Филмскиот фестивал во Венеција започнува со премиерата на филмот на Педро Алдомовар

The 78th Venice Film Festival runs from 01 to 11 September 2021. EPA/CLAUDIO ONORATI

Со премиерната проекција на новиот филм на прославениот шпански режисер Педро Алдомовар „Паралелни мајки“ (Madres paralelas) во кој игра Пенелопе Круз, во средата започнува 78-то издание на филмскиот фестивал во Венеција, или Меѓународната изложба на филмската уметност, како што официјално се нарекува најстарата филмска смотра на светот, а церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 11-ти септември.

На проекцијата ќе ѝ претходи свечената церемонија на којашто почесното признание „Златниот лав на свети Марко“ за врвни достигнувања во кариерата и придонесе во филмската уметност ќе му биде врачена на италијанскиот актер и режисер Роберто Бенини. Другиот почесен лав ѝ е доделен на американската актерка Џејми Ли Кертис, а таа признанието ќе го прими на 8-ми септември.

 

Претенденти на наградите

За највисокото признание во Венеција конкурираат 21 филм. Притоа Пенелопе Круз, покрај со остварувањето на Алдомова, во оваа конкуренција ќе се појави во уште еден филм во главната селекција „Официјален натпревар“(Competencia Oficial) на Аргентиците Маријано Кона и Гастон Дупра. За главната награда конкурира и филмот „Спенсер“ (Spencer)за починатата британска принцеза Дијана на Пабло Ларин со Кристен Стјуарт, „Зајдинсонце“(Sundown) на Мексиканецот Мишел Франко со Тим Рот и Шарлот Генсбур, „Одраз“ на Украинецот Валентин Васјановил, рускиот „Капетан Волконогов побегна“ на режисерите Алексеј Чупов и Наташа Меркулова, како и автобиографскиот филм на Паоло Сорентино „Божјата рака“(E stata la mano di Dio). Пет италијански филмови годинава се вклучени во главната селекција.

Уште 19 остварувања се вклучени во втората натпреварувачка селекција „Хоризонти“. Иновација оваа година е програмата „Екстра хоризонти“, која вклучува осум филмови,

Меѓународното жири за главната компетитивна програма годинава го предводи јужнокорејскиот режисер Бонг Џун Хо, добитникот на главната награда на Канскиот филмски фестивал и на Оскарот за филмот „Паразит“(Gisaengchung) во 2019 година.

 

Вон конкуренција

На затворњето на фестивалот надвор од конкуренцијата ќе биде прикажан филмот „Скриеното дете“(Il bambino nascosto) на Роберто Андо. Вон конкуренција пубиката ќе може да го види и новото остварување на Ридли Скот со Мет Дејмон и Бен Афлек „Последниот дуел“(The Last Duel), како реакција на движењето Me too, иако раскажува за настани од далечното минато.

Една од најочекуваните проекции годинава во Венеција ќе биде фантастичниот филм на „Дуна“(The Dune) на Дени Вилнев, кој исто така премиерно ќе биде прикажан надвор од конкуренцијата.

Во големата селекција документарни филмови, надвор од конкуренција, ќе биде прикажан францускиот филм снимен во „Ровови“ на линијата на разграничувањето во украинскиот регион Донбас, како и филм за разорената од војната Сирија.

Продолжувајќи ја традицијата во фестивалската програма вклучени се и епизоди од серијали. Овојпат, на фестивалот премиерно ќе бидат прикажани пет мини-епизоди од „Сцени од бракот“ (Scenes From a Marriage) на израелскот режисер Хагаем Леви со Џесика Честејн и Оскар Ајзак снимен за HBO. Серијата е базирана на телевизиската серија на славниот Ингмар Бергман снимена во 1973 година.

Вон конкуренција, исто така, ќе биде претставен и филмот за лани починатиот италијански композитор на филмска музика Енио Мориконе (1928-2020), дело на Џузепе Торнаторе, кој соработуваше со славниот сонародник.

 

Во услови на пандемија

Во вторникот се одржаа специјални проекции пред официјалното отворање на фестивалот. Прва беше премиеерота на „дневникот“ на Венецискиот филмски фестивал од минатата година, кога во времето на пандемијата на коронавирусот смотрата во Венеција бепе единствената која се одржа во полн и редовен обем. „Кино во време на ковидот“ е скица на Италијанецот Андре Сегре, кој во минатата година пред отоврањер го претстави документарниот филм за Венеција во времето на „локдаунот“ „Молекули“(Molecole).

Годинава на епидемиолошките мерки од лани како што се резервирани места на задолжителното растојание, носењето маски и мерење на температурата, е придоаден и корона-сертификатот. За невакцинираните или вакцинирани со вакцини кои не се признати во ЕУ тоа значи дека ќе мора да прават тест на коронавирусот на секои 48 часа.

Во секој случај, според уметничкиот директор на фестивалот Алберто Барбера, годинава се добиени двојно повеќе барања за акредитација отколку лани. На црвениот тепих се очекуваат и повеќе странски гости. Минатата година, кинеската режисерка која работи и живее во САД, Клои Жао, која беше наградена со Златниот лав за филмот „Земја на номадите“(Nomadland) го прими признанието преку видео-врска.