Меркел: Косовското прашање мора да се затвори пред Србија да влезе во ЕУ

21

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот вечерта во Белград изјави дека косовското прашање мора да се затвори пред Србија да влезе во Европската унија но дека сите други отворени прашања во процесот на европска интеграција треба да се решат пред тоа.

На прашањето дали признавањето на Косово е услов за членство на Србија во ЕУ, Меркел на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека „некои прашања ќе бидат решени на крајот на процесот“ на европската интеграција на Србија, пренесе агенцијата Бета.

„Ова прашање (Косово) мора да се реши со цел земјите -членки на Унијата да одговорат потврдно за пристапувањето на Србија во ЕУ. Но, нема смисла да се разговара за крајот на тој процес пред да се решат другите проблеми. Јас сум за прагматичен пристап. Тој мора да се реши, но јас сум за патоказот, каде што сите други прашања се решаваат прво“, рече Меркел.

Додаде дека ЕУ мора да има „многу разбирање за конфликтите што треба да се надминат“ и посочи дека на Германија ѝ е потребно „долго време кога станува збор за единство и признавање на границите и слични прашања“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.