Ланс со победата во Марсеј на второто место

REUTERS/Eric Gaillard

Во последниот дуел од осмото коло на француското фудбалско првенство Ланс со 3:2 славеше на гостувањето кај Олимпик Марсеј искачувајќи се на второто место на табелата.

Ланс поведе со 2:0, но Марсеј до крајот на првиот дел успеа да се врати во мечот. Но госите успеаја да го постигнат и третиот погодок и потоа да ја одбрана предноста до крајот.

Гостите поведоа уште во 8 минута со голот на Глориа Сотока од пенал, а нивното водство го удвои Пржемислав Франковски во 27 минута. Но капитенот на домашните Димитри Паје стапи на сцена и прво намали во 33 минута а потоа и во третата минута од судиското продолжение реализираше најстрога казна за израмнување.

Во вториот дел Ланс во противнапади ја чекаше својата шанса и во 71 минута по една промашена стопроцента шанса, ново водство донесе Весли Саид До крајот на мечот Марсеј бркаше барем реми, но не успеа.

Ланс со победата го мина Марсеј на второто место, сега има 15 бодови наспроти Олимпик кој има 14 бодови но има и меч помалку. ПСЖ е неприкосновен на врвот со исте осум победи и 24 бодови.

Во претходно одиграниот меч Монако на гостувањето го победи Клермон со 3:1, впишувајќи ја третата победа сезоната.

Домашните поведоа уште во 7 минута со голот на Мохамед Баја, но Монако до крајот направи пресврт со три погодока. Израмни Висам Бен Једер во 26 минута, Кевин Воланд во 48 минута го донесе тимот од Кнежевството во водство, а победата ја потврди Софиан Диоп во судиското продолжение на мечот.

Монако е осми на табелата со 11 бодови, а Клермон со девет бодови е 15-ти.

Бордо и Рен одиграа без победник 1:1. Поведе Рен во 56 минута преку Гаетан Лабор, а домашните израмнија во 88 минута преку Едсон Андре Ситое. Бордо е 16-ти со седум бодови, а Рен со девет бодови се искаи на 13-то место.

Рем на домашен терен со 3:1 го победи Нант. Домашните поведоа преку Томас Фокет во 51 минута но гостите израмнија во 62 минута со голот на Мосес Симон. Рем потоа со двата брзи погодока на Иго Елитике во 72 и 78 минута успеа да го освои целиот плен.

Сега Нант и Ремс се бодови израмнети со по десет бодови, на 10-то и 11-то место на табелата.

Анже на гостувањето кај Троа одигра 1:1 задржувајќи се на високото петто место со 13 бодови, додека домашните е на последното место кое овозможува опстанок 17-т, со шест бодови Троа поведе во 22 минута преку Мама Балде а Анже израмни со пеналот кој во 65 минута го реализираше Томас Мангани.

Гостинска победа со 2:1 оствари Мец кај Брест. Стрелци за гостите беа Николас де Превил во 26 и Фабиан Сентонзе во 73 минута, а во 68 минута од пенал привремено израмни Ромен Февре. По овој меч Мец и Брест ги заменија позициите на дното на табалата, сега Мец има шест бодови и е на 18-то место, а Брест остана на четири бодови и е на претпоследното 19-то место. Последен е некогашниот повеќекратен француски шампион Сен-Етјен со три бода од три ремија и без ниедна победа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.