Чавков за „Република“: СДСМ формираше предизборна параполиција

република

РЕПУБЛИКА: Да рас­чи­сти­ме око­лу но­ќта ко­га СЈО из­вр­ши упад во МВР, по­точ­но во згра­да­та на УБК. Што точ­но ба­ра­ше Ка­ти­ца Ја­не­ва? Да­ли ба­ра­ше кон­крет­ни ин­фор­ма­ции во вр­ска со прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри кои ѝ ги пре­да­де Зо­ран За­ев или ин­си­сти­ра­ше да ѝ би­дат да­де­ни си­те сним­ки вклу­чу­вај­ќи ги и пред­ме­ти­те што сѐ уште се во тек?

ЧА­ВКОВ: Сѐ до упа­дот на Ка­ти­ца Ја­не­ва во Упра­ва­та за без­бед­ност и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње ден­та ко­га оста­на до доц­на по пол­ноќ се воз­др­жу­вав од ко­мен­ти­ра­ње на ра­бо­та­та на Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво иа­ко, ка­ко и за обич­ни­те гра­ѓа­ни, до­тол­ку по­ве­ќе и за ме­не, беа очиг­лед­ни неј­зи­ни­те по­стап­ки со кои оста­ва­ше впе­ча­ток на не­ком­пе­тент­ност, суб­је­ктив­ност и при­страс­ност во ра­бо­те­ње­то. Со жа­ле­ње мо­рам да кон­ста­ти­рам де­ка та­кви­от впе­ча­ток за ме­не не бе­ше ни­ка­кво из­не­на­ду­ва­ње, од са­ми­от по­че­ток, не­за­вис­но што бе­ше из­бра­на во Со­бра­ни­е­то со прет­хо­ден пот­пис од ли­де­ри­те на че­ти­ри­те по­ли­тич­ки пар­тии, во­оп­што не бев оп­ти­мист де­ка таа со неј­зи­но­то искус­тво од об­ви­ни­телс­тво со над­леж­ност за го­не­ње по­лес­ни кри­вич­ни де­ла ќе мо­же да се но­си со, мо­же­би, нај­од­го­вор­на­та и нај­о­сет­ли­ва функ­ци­ја во пер­и­о­дот на по­ли­тич­ка кри­за, функ­ци­ја ко­ја тре­ба­ше да обез­бе­ди и да га­ран­ти­ра об­је­ктив­но, не­при­страс­но и те­мел­но истра­жу­ва­ње на си­те сом­не­жи што на­вод­но про­из­ле­гу­ва­ат од со­др­жи­ни­те на не­за­кон­ски стек­на­ти­те раз­го­во­ри об­ја­ве­ни од опо­зи­ци­ја­та.

По­крај мно­гу­те слу­чаи на очиг­лед­но пре­ју­ди­ци­ра­ње ви­на, на­ста­пот на Ка­ти­ца Ја­не­ва во МВР, за жал, бе­ше са­мо уште ед­на од мно­гу­те по­стап­ки со кои, по не знам кој пат, по­твр­ди де­ка со неј­зи­ни­от ли­чен и про­фе­си­о­на­лен ин­те­гри­тет не мо­же да би­де га­ран­ци­ја за об­је­ктив­но и не­при­страс­но ра­ко­во­де­ње со Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво.

Со неј­зи­ни­от на­стап во МВР за обез­бе­ду­ва­ње до­ку­мен­ти и комп­ју­тер­ски по­да­то­ци од УБК, иа­ко со суд­ска на­ред­ба, по­ка­жа нез­на­е­ње и не­под­го­тве­ност, со што на­пра­ви огром­на ште­та на Ми­ни­стерс­тво­то за вна­треш­ни ра­бо­ти и на Упра­ва­та за без­бед­ност и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње, но, за жал, ште­та и на ин­сти­ту­ци­ја­та со ко­ја ра­ко­во­ди. Ни­кој во МВР не ја до­вел во пра­ша­ње со­ра­бо­тка­та со СЈО, ни­ко­гаш не­ма­ло оп­струк­ци­ја за неј­зи­ни­те ба­ра­ња, на­про­тив број­ни се слу­ча­и­те ко­га на неј­зи­ни­те ба­ра­ња се од­го­ва­ра­ло на днев­на ос­но­ва со са­мо­то при­ма­ње на ба­ра­ње­то и тоа не мо­же да го спо­ри за­тоа што за тоа има фа­кти. Те­а­трал­ни­от упад во УБК бе­ше пос­ле­ди­ца на нез­на­е­ње и не­под­го­тве­ност за спро­ве­ду­ва­ње на суд­ска­та на­ред­ба, нез­на­е­ње за об­је­ктив­ни­те и тех­нич­ки преч­ки за ре­а­ли­за­ци­ја на дел од суд­ска­та на­ред­ба. Ме­ѓу­тоа, врв на тен­ден­ци­оз­но­ста, на не­се­ри­оз­но­ста и не­од­го­вор­но­то од­не­су­ва­ње бе­ше фор­ми­ра­ње­то ко­ми­си­ја од Оли­вер Спа­сов­ски, ко­ја тре­ба­ше, ме­ѓу дру­го­то, да из­вр­ши влез во комп­ју­тер­ски си­стем и екс­пор­ти­ра­ње комп­ју­тер­ски по­да­то­ци на над­во­ре­шен но­сач на по­да­то­ци, од уред кој не го ад­ми­ни­стри­ра УБК и осо­бе­но ба­ра­ње­то за аси­стен­ци­ја, кое са­мо по се­бе е не­за­кон­ско и врз ос­но­ва на кое на не­за­кон­ски на­чин и над­вор од си­те про­це­ду­ри беа ан­га­жи­ра­ни при­пад­ни­ци на еди­ни­ца­та „Ал­фи“, за што јав­но­ста бе­ше ин­фор­ми­ра­на. Со та­кви­от чин, гу­бит­ни­ци се СЈО, МВР и, во крај­на ли­ни­ја, гу­бит­ник е Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

На кра­јот, ко­га сфа­ти­ја де­ка на­ви­сти­на има об­је­ктив­ни преч­ки за по­ста­пу­ва­ње­то за дел од на­ред­ба­та, за да ги оправ­да­ат сво­и­те не­ра­зум­ни по­стап­ки, од­лу­чи­ја да ја про­дол­жат дра­ма­та со фи­зич­ко при­сус­тво на прет­став­ни­ци од СЈО и рас­по­ред за де­журс­тво за не­кол­ку де­на во про­сто­ри­и­те на Упра­ва­та за без­бед­ност и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње. Но, мо­рам да би­дам об­је­кти­вен, ве­ро­јат­но ко­га ги уви­де и сопс­тве­ни­те гре­шки и за да ја амор­ти­зи­ра оваа дра­ма, Оли­вер Спа­сов­ски доц­на но­ќта, по два де­на дра­ма, се срет­на во МВР со Ка­ти­ца Ја­не­ва и со неј­зи­ни­от тим, ги убе­ди де­ка е не­це­лис­ход­но и не­по­треб­но нив­но­то фи­зич­ко при­сус­тво, за што да­де из­ја­ва пред ме­ди­у­ми­те по­тен­ци­рај­ќи де­ка е не­до­раз­би­ра­ње.

mitko-cavkov-int217-2

РЕПУБЛИКА: Зо­што ѝ тре­ба­ле раз­го­во­ри за кои не е над­леж­на и ко­ја е ви­стин­ска­та при­чи­на за упа­дот спо­ред Вас?

ЧА­ВКОВ: Со­се­ма е дру­го пра­ша­ње­то што во суд­ска­та на­ред­ба по­ба­ра­ле да би­дат оп­фа­те­ни и по­да­то­ци од при­ме­на на по­себ­ни истраж­ни мер­ки до 31.12.2015 го­ди­на, пер­и­од кој пр­во не е пред­мет на ин­те­рес на СЈО во сог­лас­ност со над­леж­но­сти­те и, вто­ро, по­да­то­ци за мер­ки кои, всуш­ност, се акту­ел­ни и тра­ат во мо­мен­тот. Ко­га им бе­ше по­со­чен тој факт, са­ми­те се отка­жаа од ба­ра­ње по­да­то­ци за тој пер­и­од, та­ка што нив­но­то ре­те­ри­ра­ње уште ед­наш по­твр­ди де­ка се ра­бо­ти за еле­мен­тар­но нез­на­е­ње, де­ка не би­ле под­го­тве­ни или мно­гу им се бр­за­ло, па на­пра­ви­ле при­вид за тие окол­но­сти или, пак, нив­на­та на­ме­ра бе­ше да соз­да­дат пер­цеп­ци­ја во јав­но­ста де­ка УБК ја оп­стру­и­ра ра­бо­та­та на СЈО.

РЕПУБЛИКА: Дел од јав­но­ста се сом­не­ва де­ка ме­ѓу раз­го­во­ри­те до кои са­ка­ла да дој­де Ја­не­ва се и тие што се по­вр­за­ни со на­ста­ни­те кои прет­хо­деа на „Ди­во На­се­ље“. Да­ли суд­ски­от на­лог ѝ обез­бе­ду­ва при­стап и до чув­стви­тел­ни ин­фор­ма­ции од ва­ков тип?

ЧА­ВКОВ: Не би са­кал да пре­ју­ди­ци­рам зо­што со на­ред­ба­та по­ба­ра­ла и по­да­то­ци за при­ме­на на по­себ­ни истраж­ни мер­ки и од акту­ел­ни слу­чаи за ор­га­ни­зи­ран кри­ми­нал и те­ро­ри­зам, од­нос­но да­ли во­оп­што има­ле не­ка­ква на­ме­ра. Не­за­вис­но од тоа за што се ра­бо­ти, са­мо на­пра­ви­ја ште­та на МВР и, осо­бе­но, на СЈО ка­ко ин­сти­ту­ци­ја ко­ја е по­треб­но до крај да го за­вр­ши сво­јот ман­дат.

РЕПУБЛИКА: Откри­е­но ли е кој стои зад ан­га­жи­ра­ње­то на по­ра­неш­ни­те при­пад­ни­ци на „ал­фи­те“ и ко­ја би­ла нив­на­та за­да­ча? За што тре­ба­ло да ги иско­ри­стат авто­мат­ски­те пу­шки?

ЧА­ВКОВ: Спом­нав де­ка са­мо­то ан­га­жи­ра­ње на не­кол­ку ти­ма од еди­ни­ца­та „Ал­фи“, не са­мо што е не­за­кон­ски, ту­ку во кон­крет­ни­от слу­чај е над­вор од здра­ви­от раз­ум и опас­но со мож­но­сти за не­пред­вид­ли­ви пос­ле­ди­ци за­тоа што нив­ни­от ко­ман­дант, до не­о­дам­на истра­жи­тел во СЈО, ба­рал да би­дат во­о­ру­же­ни со авто­мат­ски пу­шки. Со си­гур­ност зна­е­ме де­ка нив­ни­от ко­ман­дант и на­чал­ни­кот на СВР Скоп­је, исто та­ка до не­о­дам­на истра­жи­тел во СЈО, не са­мо што би­ле во тек ту­ку не наш­ле за це­лис­ход­но да ме ин­фор­ми­ра­ат ме­не ка­ко ди­ре­ктор на Би­ро­то за јав­на без­бед­ност. По мо­ја­та ре­ак­ци­ја кон на­чал­ни­кот на СВР Скоп­је, исти­те та­ка об­ле­че­ни со тре­нер­ки вед­наш беа пов­ле­че­ни. За тоа, се раз­би­ра, ќе има од­го­вор­ност, но мо­рам да ја иско­ри­стам оваа при­го­да за да ја ин­фор­ми­рам ма­ке­дон­ска­та јав­ност де­ка во ид­ни­на не иск­лу­чу­вам не­за­кон­ски ан­гаж­ман на пар­ти­ски вој­ни­ци кои се рас­по­ре­де­ни во еди­ни­ца­та „Ал­фи“ и да по­со­чам на опас­но­ста и ри­зи­ци­те по функ­ци­о­ни­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја пре­ку око­лу 140 пар­ти­ски вој­ни­ци кои се рас­по­ре­де­ни не­за­кон­ски, од пр­ви­от до пос­лед­ни­от. За сре­ќа, се­пак, тоа е ма­ла број­ка нас­про­ти око­лу 9.000 про­фе­си­о­нал­ци и ка­ква ште­та и да на­пра­ват, се­пак има­ме из­гра­де­но ин­сти­ту­ци­о­нал­ни и си­стем­ски ка­па­ци­те­ти кои оваа ма­ла гру­па пар­ти­ски вој­ни­ци не мо­жат да ги до­ве­дат во пра­ша­ње. Се­пак, мо­рам да подв­ле­чам де­ка са­мо­то не­за­кон­ско рас­по­ре­ду­ва­ње и не­за­ко­ни­то­ста во нив­но­то ра­бо­те­ње ќе оста­ви дла­бо­ки луз­ни по си­сте­мот, среќ­на­та окол­ност се, ќе по­вто­рам, из­гра­де­ни­те си­стем­ски ка­па­ци­те­ти кои мно­гу па­ти се по­твр­де­ни во ми­на­то­то и са­ми по се­бе прет­ста­ву­ва­ат бра­на пред тен­ден­ци­и­те за гру­бо кр­ше­ње на за­кон­ски вгра­де­ни­те стан­дар­ди.

mitko-cavkov-3333

РЕПУБЛИКА:Кол­ку бе­ше се­ри­оз­на си­ту­а­ци­ја­та таа ноќ? Кол­ку фа­ле­ше ра­бо­ти­те да из­ле­зат од кон­тро­ла?

ЧА­ВКОВ: Зна­е­те де­ка има­ше ре­ак­ции за мо­е­то по­ја­ву­ва­ње во Упра­ва­та за без­бед­ност и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње, се по­ја­вив за­тоа што беа ин­вол­ви­ра­ни при­пад­ни­ци на Би­ро­то за јав­на без­бед­ност, осо­бе­но при­пад­ни­ци на дел од еди­ни­ца­та „Ал­фи“ и мо­ја­та ре­ак­ци­ја за пов­ле­ку­ва­ње на спе­ци­јал­ци­те во тре­нер­ки, кои во тој мо­мент дејс­тву­ваа ка­ко па­ра­по­ли­ци­ја, бе­ше клуч­на во по­пре­чу­ва­ње­то на еска­ла­ци­ја­та. Ка­ти­ца Ја­не­ва, на­ме­сто да ми би­де бла­го­дар­на за мо­јот при­до­нес во на­ма­лу­ва­ње­то на тен­зи­и­те кои тие ги пре­диз­ви­каа, без­об­зир­но ја ла­же­ше јав­но­ста де­ка има оп­струк­ции, а вр­вот на ла­ги­те бе­ше неј­зи­на­та из­ја­ва де­ка ме из­бр­ка­ла од про­сто­ри­и­те на Упра­ва­та за без­бед­ност и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње, што ап­со­лут­но не ко­рес­пон­ди­ра со ви­сти­на­та, но и тоа збо­ру­ва за неј­зи­ни­от ли­чен и про­фе­си­о­на­лен ин­те­гри­тет. На крај гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе го до­не­сат об­је­ктив­ни­от суд за по­стап­ки­те на си­те нас ка­ко но­си­те­ли на од­го­вор­ни функ­ции.

РЕПУБЛИКА:Во не­кои ме­ди­у­ми беа об­ја­ве­ни ин­фор­ма­ции де­ка не­о­дам­на е спре­чен обид за до­ста­ву­ва­ње ло­ка­тор до еден од об­ви­не­ти­те во „Ди­во На­се­ље“ – уред кој по­доц­на, нај­ве­ро­јат­но, тре­ба­ло да се иско­ри­сти при евен­ту­а­лен обид за нив­но ос­ло­бо­ду­ва­ње. Има­те ли ин­фор­ма­ции за ва­ков на­стан?

ЧА­ВКОВ: Со ова пра­ша­ње ја до­пи­ра­те ви­стин­ска­та ре­ал­ност за акту­ел­ни пра­ша­ња во де­лот на на­ци­о­нал­на­та без­бед­ност на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, но и пра­ша­ња по­вр­за­ни со ре­ги­о­нал­на­та без­бед­ност. Обез­бе­ду­ва­ње­то на оваа те­ро­ри­стич­ка стру­кту­ра во за­тво­ри­те и за вре­ме на суд­ски­те ро­чи­шта се по­се­бен пре­диз­вик за без­бед­нос­ни­те си­ли кои ви­со­ко про­фе­си­о­нал­но, ка­ко и до­се­га, се спра­ву­ва­ат со раз­лич­ни­те пре­диз­ви­ци по­вр­за­ни со нив­ни­те на­ме­ри за бег­ство ка­ко и со нив­ни­те оче­ку­ва­ња за под­др­шка од над­вор за ре­а­ли­зи­ра­ње на нив­ни­те це­ли – бег­ство од прав­да­та. Мно­гу па­ти до­се­га ка­ко и при пос­лед­но­то су­де­ње бла­го­вре­ме­но сме пре­ве­ни­ра­ле и откри­ва­ле оби­ди за про­ту­ра­ње мо­бил­ни апа­ра­ти и сме пре­срет­ну­ва­ле на­ме­ри за бег­ство. Но, и по­крај сил­ни­те уда­ри на Ми­ни­стерс­тво­то пре­диз­ви­ка­ни со не­за­кон­ски­те про­ме­ни, ка­ко и со кр­ше­ње­то на про­це­ду­ри­те и стан­дар­ди­те за ра­бо­та, ја уве­ру­вам ма­ке­дон­ска­та јав­ност де­ка, ка­ко и до­се­га, не­ма да доз­во­ли­ме да ја вов­ле­чат ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја да се су­дри ме­ѓу се­бе ни­ту да се су­дри со гра­ѓа­ни­те, впро­чем тоа ве­ќе го до­ка­жав­ме со ви­со­ко про­фе­си­о­нал­но од­не­су­ва­ње при обез­бе­ду­ва­ње­то на та­ка­на­ре­че­на­та „Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја“ ко­га мно­гу па­ти бев­ме по­ни­жу­ва­ни и пре­диз­ви­ку­ва­ни со цел да не вов­ле­чат во сце­на­рио на ма­ла гру­па лу­ѓе кои ги зло­у­по­тре­би­ја мир­ни­те про­те­сти на по­ве­ќе­то.

РЕПУБЛИКА:Мо­же ли МВР да га­ран­ти­ра де­ка до­ка­зи­те про­тив За­ев и Ве­ру­шев­ски во слу­ча­јот „Пуч“ ќе би­дат без­бед­ни и по пре­зе­ма­ње­то на до­ку­мен­та­ци­ја­та и раз­го­во­ри­те од СЈО, од­нос­но де­ка ори­ги­на­ли­те не­ма да би­дат обез­вред­не­ти и зло­у­по­тре­бе­ни?

ЧА­ВКОВ: Из­гра­де­ни­те ин­сти­ту­ци­о­нал­ни ка­па­ци­те­ти са­ми по се­бе се га­ран­ци­ја де­ка до­ка­зи­те што се обез­бе­де­ни на за­ко­нит на­чин и со си­лен ин­те­гри­тет зас­но­ван на раз­ви­е­ни со­вре­ме­ни стан­дар­ди за по­ли­ци­ско ра­бо­те­ње, ка­ко и ка­па­ци­те­ти­те на се­кто­рот за бор­ба про­тив комп­ју­тер­ски кри­ми­нал и комп­ју­тер­ска фо­рен­зи­ка, ни­ту не­кој мо­же да ги до­ве­де во пра­ша­ње ни­ту не­кој мо­же да ги обез­вред­ни. На експ­ли­ци­тен на­чин со на­уч­но фун­ди­ра­ни ме­то­до­ло­гии за ра­бо­та, всуш­ност, овоз­мо­жу­ва­ат ре­кон­струк­ци­ја на са­ми­от по­че­ток од аген­тур­но­то и суб­вер­зив­но дејс­тву­ва­ње на гру­па­та ко­ја ја пред­во­дел Ве­ру­шев­ски при зло­у­по­тре­ба­та на си­сте­мот за сле­де­ње на ко­му­ни­ка­ци­и­те, за што, впро­чем, има и пра­во­сил­на пре­су­да ка­ко ре­зул­тат на спо­го­ду­ва­ње за ви­на.

mitko-cavkov-44

РЕПУБЛИКА:Ед­на од це­ли­те на опо­зи­ци­ја­та е до 11 де­кем­ври што е мож­но по­ве­ќе да ги ди­скре­ди­ти­ра ре­фор­ми­те спро­ве­де­ни во МВР во пос­лед­ни­те де­сет го­ди­ни за да ги оправ­да си­те про­тив­за­кон­ски дејс­тви­ја на Спа­сов­ски со кои се­ри­оз­но се за­гро­зу­ва ра­бо­та­та на без­бед­нос­ни­от си­стем. Ко­ја е раз­ли­ка­та ме­ѓу МВР де­нес и МВР пред де­сет го­ди­ни?

ЧА­ВКОВ: За да ги об­јас­нам раз­ли­ки­те по­ме­ѓу МВР де­нес и МВР пред де­сет го­ди­ни, ве­ру­вај­те не­ма да би­дат до­вол­ни не­кол­ку бро­ја на ва­ши­от не­дел­ник. По­ве­ќе па­ти во спро­тив­ста­ву­ва­ње­то на гру­би­те тен­ден­ции за ди­скре­ди­та­ци­ја на Ми­ни­стерс­тво­то, се­ко­гаш сум по­со­чу­вал на ме­ѓу­на­род­ни­те по­ка­за­те­ли и приз­на­ни­ја за ка­па­ци­те­ти­те и до­стиг­ну­ва­ња­та на Ми­ни­стерс­тво­то. Не­ма по­втор­но да ги на­бро­ју­вам, са­мо ќе ги изд­во­јам ан­ке­ти­те за до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те во по­ли­ци­ја­та кои во ор­га­ни­за­ци­ја на ОБ­СЕ се спро­ве­ду­ва­ат на две го­ди­ни, ка­ко и не­о­дам­неш­на­та ан­ке­та од ед­на ре­но­ми­ра­на нев­ла­ди­на ор­га­ни­за­ци­ја, спо­ред кои, и по­крај две­го­диш­ни­те ин­тен­зив­ни оби­ди за ди­скре­ди­та­ци­ја на Ми­ни­стерс­тво­то, се­пак ре­чи­си 60 про­цен­ти од гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја има­ат до­вер­ба во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја.

РЕПУБЛИКА: Оче­ку­ва­те ли но­ви уда­ри врз без­бед­нос­ни­от си­стем од­на­тре, од стру­кту­ри­те на СДСМ во МВР?

ЧА­ВКОВ: Се­ка­ко де­ка оче­ку­вам, пр­ви­те оби­ди за еска­ла­ци­ја ги по­ка­жаа пре­ку не­за­кон­ско­то ан­га­жи­ра­ње на „ал­фи­те“, но и пре­ку не­за­кон­ски­те про­ме­ни на си­те ни­воа во­оп­што, про­ме­ни­те на дис­цип­лин­ски­те ко­ми­сии и мно­гу дру­ги по­стап­ки кои ука­жу­ва­ат за не­чес­ни­те на­ме­ри. Но, уште ед­наш ја уве­ру­вам ма­ке­дон­ска­та јав­ност де­ка сил­но ќе се спро­тив­ста­вам на та­кви­те тен­ден­ции и осо­бе­но ќе пре­ве­ни­рам не­за­кон­ско ин­вол­ви­ра­ње на вгра­де­ни­те пар­ти­ски акти­ви­сти со не­за­кон­ски­те рас­по­ре­ду­ва­ња, во из­бор­ни­от про­цес за што има­ме ин­фор­ма­ции од се­га.

РЕПУБЛИКА: Вие сте еден од про­фе­си­о­нал­ци­те во МВР што се ме­та на сил­ни на­па­ди од СЈО и од СДСМ. Ви нај­а­ви­ја кри­вич­ни при­ја­ви, а ја за­си­ли­ја и цр­на­та кам­па­ња про­тив Вас. Ве за­гри­жу­ва­ат ли нив­ни­те на­па­ди и за­ка­ни?

ЧА­ВКОВ: Пр­во, во­оп­што не ме за­гри­жу­ва­ат ни цр­ни кам­па­њи ни за­ка­ни со кри­вич­ни при­ја­ви, оста­ну­вам сил­но фо­ку­си­ран на од­бра­на­та на про­фе­си­о­нал­ни­те прин­ци­пи во ра­бо­те­ње­то на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја и же­сто­ко ќе про­дол­жи­ме да за­да­ва­ме сил­ни уда­ри на по­ли­ци­ско-кри­ми­нал­ни­те вр­ски кои не­ве­што се зат­скри­ва­ат зад по­ли­ти­ка­та. Мно­гу та­кви при­ме­ри на ор­ке­стри­ра­ни тен­ден­ции сум имал во мо­ја­та про­фе­си­о­нал­на ка­ри­е­ра, но тие што ра­бо­те­ле со ме­не или тие што ме поз­на­ва­ат, зна­ат де­ка не­ма си­ла што мо­же да ме по­ко­ле­ба во на­по­ри­те за раз­об­ли­чу­ва­ње на кри­ми­нал­ни­те вр­ски на кри­ми­нал­но­то под­зем­је со при­пад­ни­ци на по­ли­ци­ја­та, но и вр­ски­те на кри­ми­нал­но­то под­зем­је со по­ли­ти­ка­та.

 (Интервјуто со Митко Чавков е објавено во 217. број на неделникот Република, 28.10.2016)