Новинарите на Инфомакс на отстрел на прилепската полиција во служба на СДСМ

Вака изгледа демократијата во Македонија, вели новинарот на Инфомакс, Александар Митановски, по повод случувањата на нивната новинарска екипа во Прилеп во првиот изборен круг.

Митановски изнесува работи од кои човек ќе се згрози.

„Со нарачки да „им се ебе крвта”, „изживувај се колега ќе бидеш награден”, „застани ги и знаеш што да правиш”“, се дел од преписките на полицијаците кои Митановски ги објавува на Фејсбук, додавајќи дека на новинарите на Инфомакс само професионално си ја вршеле својата работна задача во Прилеп.

„Овие ашљаци ги апсеа новинарите на Инфомакс, се изживуваа, неколку пати им земаа изјави во полициска станица.
За овие нарачки, и последиците од овие нарачки ќе добиете по една пријава….кривична“, додава Митановски.