Филипче се фотографираше со Нефи Усеини, па отиде на операција

Министерот за здравство, Венко Филипче, деновиве е максимално посветен на агитирање и собирање гласови за кандидатот за градоначалник за Охрид од СДСМ, Константин Георгиевски.

Филипче бил забележан како оди од врата на врата, а бил забележан и во чајџилницата на Нефи Усеини, кој на македонската јавност и е познат по честите судири со законот.

За Нефи Усеини беа покренати неколку постапки од страна на Антикорупциска, како и неколку обвиненија за напади.

Тој е виновник за дивоградбите поради кои Охрид доби неколку опомени од Унеско и беше на работ да го изгуби статусот заштитен град.

Усеини е познат и по неколкуте напади извршени врз сограѓани. Тој го нападна професорот Илјаз Илјази, а заедно со неговиот брат нападна уште едно лице. На Усеини му беше одредена мерка притвор откако тој, заедно со неговиот брат, нападнаа едно лице и му се закануваа нему и на неговиот малолетен син со пиштол.

Двајцата браќа беа во бегство и за нив беше издадена потерница.

Вечерва, пак, Усеини бил кај Филипче во штаб. За него во Охрид се зборува дека е градоначалник во сенка, кој на овие избори повторно ја предводи советничката листа на ДУИ во Охрид.

Контроверзиниот бизнисмен Усеини беше советник и во претходниот состав на Советот, но си поднесе оставка во ноември 2020 година.

Неговото име на охридската јавност ѝ е познато од поодамна, но на пошироката јавност и стана познато по дивоградбата кај Чинарот и бетонската база, но и по нападот врз колегата советник Џемал Мена, универзитетскиот професор Илјаз Илјази и охриѓанецот Спирко Топал.

Откако се фотографираше со Усеини, министерот филипче са фати за операција.

Имено, утрово на УК за Неврохирургија, воведовме нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење. Операцијата ја направивме со новиот иновативен уред-дволуменски систем кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност, објави на својата Фејсбук страница Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.