667 средношколци го искористиле правото на бесплатен билет во Драмски театар

Досега преку „Слободна средношколска среда“во Драмскиот театар во Скопје 667 средношколци го искористиле правото за бесплатен билет.

За осумте месеци од кога е воведен „Слободен четврток“ за студентите 1.103 студенти гледале бесплатна претстава.

Директорот на драмскиот театар Скопје Роберт Велјановски вели дека има иднина за македонскиот театар и потенцираше дека обично средношколците доаѓаат самоиницијативно, а не организирано од наставниците.

Се надевам дека добро ќе воспитаме една публика која што ги следи нашите претстави. „Слободен четврток“ за студенти е акција која веќе во континуитет повеќе од 8 месеци се реализира и околу 1.103 студенти кои што го искористиле правото да гледаат бесплатна претстава во Драмски театар, истакна Велјановски.

Проектот „Слободна средношколска среда“ официјално започнал да се реализира од 1 јануари оваа година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.