(ВИДЕО) Се урна зграда во Турција, десетмина се затрупани, 13 луѓе се спасени

49

„Околу дваесет луѓе беа во зградата во моментот на несреќата, нешто пред 17 часот по локално време“, рече гувернерот на провинцијата Малатија, Ајдин Барус за каналот А Хабер.

Повеќе од два часа по почетокот на спасувачките операции, десетина луѓе се уште се заробени во урнатините, пренесува ТВ каналот Хабертурк.

Според владината Агенција за управување со природни катастрофи (АФАД) 13 лица се спасени и хоспитализирани.

„Операциите за пребарување и спасување продолжуваат“, напишал на Твитер Фахретин Алтун, шеф за комуникации на турското претседателство.

https://twitter.com/Raw_News1st/status/1458104931517411334?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1458104931517411334%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fse-urna-zgrada-vo-turcija-desetmina-se-pod-urnatinite-13

Двајца од повредените се во тешка состојба, прецизира каналот НТВ.

Малатија е град со 450.000 жители, 500 километри источно од Анкара.

„Во еднокатната зграда на прометна улица во Малатија имаше разни продавници, ресторан и кафуле“, изјавил Енвер Кираз, претседател на локалниот огранок на опозициската партија ЦХП, пренесува Франс прес. Тој додаде дека некои минувачи се повредени.

Засега не се познати причините за уривањето, а Кираз и локалните медиуми наведуваат дека се работело на зградата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.