67 Авганистанци добија привремен престој во Македонија

39

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства, информираат од Владата.

Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Во Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.