Од денеска поевтинува буковото дрво во ЈП „Македонски шуми“

716

Од денеска, па до 30 септември сите заинтересирани граѓани од ЈП „Македонски шуми“ ќе можат да набават буково огревно дрво од прва класа поевтино за 10 отсто со паќање во готово, а лицата од социјално ранливите катефории поевтино за 15 отсто.

Според овие намалувања новата цена на буковото огревно дрва со попуст од 10 отсто е 2133,60 денари за метар кубен, а додека пак цената за лицата корисници на социјална помош со попуст од 15 отсто изнесува 2015,03 денари. Цената на дабовото дрво останува непроменета, односно 2450 денари.

1881825_orig

Ова денеска го истакна Тони Јованов, помошник – директор на Сектор за уредување на шуми, ловишта и проектирање при ЈП „Македонски Шуми“.

Во Македонија дрва за огрев користат околу две третини од граѓаните и од „Македонски шуми“ информираат дека се подготвени да одговорат на потребите на сите заинтересирани граѓани.

Јованов упати апел до сите граѓани да внимаваат од каде набавуваат дрво за огрев за на крај да не биде парите да си ги дадат за џабе и дрвата да им бидат одземени. За дрвата кои што ќе ги купат од продавачот тие треба да побараат испартница, дрвата задолжително мора да бидат жигосани.

„Сите кои што ќе дознаат дека има нелагални сечи или пак се нуди на пазарот нелегално исечено дрво да ги известат шумочуварските служби и шумската полиција да превземе на лице место се со цел да ја намалиме таа дива сеча. Дивата сеча придонесува за ништење на шумскиот фонд, придонесува за загадување на околината, передизвикување на ерозија, намалување на водите со еден збор го уништува екосистемот“, потенцираше Јованов.

На крај, Јованов ги повика граѓаните да купуваат дрва во Македонски шуми, нешто што е проверено, а уплатите можат да се вршат директно на благајните во шумските складови, во централните магацини и во подружниците на „Македоски шуми“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.