Леверкузен подобар во дребито кај Лајпциг

Во дербито на 13-то коло на француското фудбалско првенство Баер Леверкузен на гостувањето со 3:1 го совлада РБ Лајпциг, остварувајќи ја првата победа во последните седум меѓусебни соочувања.

„Аптекарите“ поведоа во 21 минута преку Флоријан Вирц, а во 34 минута водството на гостите го удвои Муса Даиби. Домаќините намалија во 62 минита а стрелц беше Андре Силва, но само две минути подоцна Џереми Фримпонг го постигна и третиот погодок за гостите. Домашните во 88 минута да намалат на гол заостанување, но Доминик Шоболжаи од белта точка само ја погоди стативата од противничкиот гол.

Со оваа победа Баер Леверкузен со 24 бодови се искачи на третото место на Бундеслигата, два повеќе од четвртопласираниот Фрајбург, а шест однсоно седум зад втората Борусија Дортмунд и водечкиот Беарн Минхен.

РБ Лајпциг по ова коло падна на осмата позиција и ја предводи групата екипи со по 18 бодови до 12-то место во која уште се и Мајнц, Келн, Борусија Менхенгладбах и франкфуртски Ајнтрах.

Во првиот натпревар Ејнтрахт на својот терен во Франкфурт со 2:1 го победи Унион Берлин кој остана на 20 бодови на шестото место, со ист број бодови како и петтиот Хофенхајм и седмиот Волфсбург.

Ова беше првата домашна победа на Ајнтрахт оваа сезона во Бундселигата, откако во првите пет меча во Франкфурт впиша четири ремија и еден пораз.

Ајнтрахт поведе во 22 минтуа со голот на Џибрил Сов, Унион израмни од пенал што го реализираше Макс Крузе, а победата на домашните Еван Ндика ја обезбеди со погодокот дури во петтата минута од судиското продолжение на натпреварот.