68 новозаразени од коронаирусот во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица.

По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.

Според местото на живеење, досега се регистрирани во: Скопје – 312, Куманово – 200,       Дебар – 49, Штип-27, Прилеп –72, Тетово – 33, Струга – 43, Велес – 30, Битола –9, Охрид –4, Кавадарци – , Гостивар –8, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3,     Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 21, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Преку ИЈЗ – 300, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.

Во „8 септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.